Вести
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и потопло – од утре затоплување до 30 степени
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната од 18 до 27 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен засилен јужен ветер.



