Вести
ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Променливо облачно и ветровито – од понеделник разведрување и стабилизација
Времето во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд, а преку денот ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Ветерот ќе биде поизразен во котлините на север и в долж Повардарието, а неговата брзина повремено ќе надминува 60 километри на час.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет, а дневната од 11 до 20 степени.



