Вести
ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Сончево и многу топло
Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со надпросечни дневни температури за овој период. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, а во западните делови повремено ќе засилува. УВ индексот ќе има вредност 6.
Утринската температура ќе се движи од девет до 16, а дневната температура од 28 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, а во западните делови повремено ќе засилува.



