Вести
ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Сончево и топло со температура до 24 степени – од понеделник дожд и заладување
Времето во Македонија ќе биде сончево, а во текот на денот во планинските подрачја ќе има појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од 18 до 24 степени.
Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 23 степени.



