Вести
ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Врнежливо и студено – ќе дува умерен северен ветер
Во Македонија утринава преовладува облачно време со врнежи од дожд кои се пообилни во северозападните делови.
Дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а во северните делови на Повардарието дува ветер од северен правец кој повремено се засилува, додека во Скопската котлина на моменти достигнува брзина и до 50 км/час.
Најмногу дожд до 8 часот има наврнато во Маврово – 18 л/м2, потоа во Лазарополе 17, Дебар 7, Охрид и Крива Паланка 4 и Пожаране 2, а најмалку во Претор и Виница – еден литар на метар квадратен.



