Вести
ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Засилен северен ветер и пад на температурата за повеќе од 13 степени
Во Македонија претпладне ќе биде сончево и релативно топло, со мала до умерена облачност. Попладне ќе има зголемена облачност, а во вечерните часови со зголемената облачност во западните и северните делови ќе има локален дожд.
Врнежите во текот на ноќта ќе се прошират кон централните делови. Ќе дува умерен ветер од јужен и југозападен правец, кој во вечерните часови ќе го промени правецот во северен и ќе засилува.
Утринската температура ќе се движи од два до 10 степени, а дневната од 22 до 28 степени.



