Актуелно
ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Облачно и ветровито, од утре дожд и заладување
Времето претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно и ветровито, а попладне во крајните западни и северозападни делови со повремен локален дожд.
Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, кој на моменти на места ќе достигнува брзина помеѓу 50 и 70 километри на час. Во ноќните часови врнежи ќе има речиси насекаде, нешто поинтензивни ќе бидат во западниот и северозападниот дел.
Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од 13 до 20 степени.


