Актуелно
Викендот 23 сообраќајки во Скопје, повредени се 18 лица
Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 23 сообраќајни незгоди. Во сообраќајните незгоди повредени се вкупно 18 лица.
На 20 ноември, петок, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле четири лица, од кои еден возач на патничко моторно возило, еден сопатник, еден пешак и еден велосипедист.
Се случиле и две незгоди со последица телесна повреда, во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден пешак и еден мотоциклист, а со телесни повреди еден пешак.



