Актуелно
За 24 часа во Скопје 13 сообраќајки, едно лице загинато
Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје извршила увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди.
Од нив, пет се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, двајца сопатници, двајца пешаци и еден патник во автобус.
Се случила и една незгода со последица загинато лице. Сообраќајката се случила во 6 часот и 20 минути на автопатот Скопје – Куманово, кај клучка Хиподром, во која учествувале патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и патничко моторно возило „пасат“ со кумановски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Кратово. По незгодата повредените со возило на Брза помош биле пренесени во Ургентен центар „Мајка Тереза“ каде и покрај укажаната помош еден сопатник им подлегнал на повредите, а на двајцата возачи и на двајца сопатници им биле констатирани телесни повреди.



