Актуелно
Викендот во Скопје 34 сообраќајки, една жртва, над 20 повредени
Во текот на изминатите три дена безбедносната состојба во делот на случените сообраќајни незгоди од сообраќајната полиција ја оценуваат како неповолна од причини што е случена една сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот.
Сообраќајката се случила на 25 април во 23 часот и 15 минути на ул. „1“, село Морани, во непосредна близина на куќен број 13 во која учествувале две патнички возила, „цитроен“ и „фијат“ со скопски регистарски таблички, управувани од граѓани на Скопје.Повредените со возило на Брза помош се пренесени во здравствена установа каде им се констатирани тешки телесни повреди на еден возач и еден сопатник кој по извесно време им подлегнал на повредите, а со телесни повреди се здобиле еден возач и тројца сопатници. За незгодата бил известен и јавен обвинител кој излегол на лице место, а увидот бил препуштен на увидната екипа на СВР Скопје со цел утврдување на околностите кои довеле до случување на незгодата.