Актуелно
Внимателно на сонце: Денеска сончево и многу топло со температура до 37 степени
Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево и топло со мала облачност и со слаб повремен североисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 21 степен, а дневната од 31 до 38 степени.
Во Скопје слично време, сончево и топло со слаб североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 37 степени.



