Вести
Во јануари за 18,7 проценти повеќе патници на аеродромите
Од двата аеродрома во Македонија, во Скопје и во Охрид, во јануари годинава се превезени 151.381 патник, што претставува зголемување од 18,7 проценти споредено со јануари минатата година, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.
На скопскиот аеродром минатиот месец се регистрирани 145.592 патници, за 18,3 проценти повеќе споредено со јануари 2017 година, кога биле превезени 123.118 патници.
На аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид, пак, бројот на превезени патници во јануари е зголемен за 30,8 проценти во однос јануари лани.



