Вести
Во април пониски температури од просечните
Во април годинава се измерени пониски температури од просечните за еден степен, а врнежите на некои места се пониски, а на делови се натпросечните. Најмногу дожд наврнало на 6 април од 9 мм во Струмица до 78 во Маврово.
Информациите од Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека средно месечните температури на воздухот во април се движеа од 5,2 до 7,2 степени во Маврово и Берово, до 12,9 и 14,1 во Демир Капија и Гевгелија. Во Крива Паланка се измерени 8,3 степени, во Охрид 9,6 степени, во Прилеп 10,3, во Битола 10,8 степени, Штип 11,7, во Скопје 11,9 и во Струмица 12,4 степени.
