Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Фантастичните Мартија, Антонија и Елена од Пинкови ѕвездички утре се дел од најголемиот маскенбал во Скопје

МК Сцена

Фантастичните Мартија, Антонија и Елена од Пинкови ѕвездички утре се дел од најголемиот маскенбал во Скопје

Распеаните три македонки кои блескаат на сцената на „Пинк ѕвездички“ и важат за потенцијални финалистки и победници во шоуто, Мартија Станојковиќ, Антониа Гиговска и Елена Бимбиловска, утре ќе имаат свој настап во живо во Скопје.

Сите три девојки кои се сметаат за вистински музички чуда влегоа во седмиот круг од натпреварувањето и со нетрпение очекуваат да заминат за Белград на снимање на следните емисии, малата пауза ќе ја искористат да ги покажат своите неверојатни гласовни квалитети пред Скопјани во живо.

Настапот на трите талентирани и убави девојки, кои го воодушевуваат регионот со своето пеење е закажан во 19:30 часот во Skopje City Mall, како дел од целодневната прослава на 1-ви април, Денот на шегата. Најголемиот првоаприлски маскенбал во Скопје утре ќе се одржи токму во овој мол, каде во 10:00 часот свое дефиле ќе имаат маскираните деца од основните училишта и градинките. За најдобрите маски според неколкуте категории, позитивни ликови (прво, второ и трето место), негативни ликови (прво, второ и трето место), рачно изработени маски, најмлад учесник и најдобрата групна маска се обезбедени и награди од Просветно Дело и Синеплекс.

Програмата продолжува од 18:00 часот со настап на Ребис, Оринџ кидс клуб, Лајф витал и Прима Данца. Шоуто со трите неверојатни Мартија, Антониа и Елена е закажано во 19:30 часот, а потоа свој настап ќе има и Ања Ветерова, пејачка која успешно се трансформираше од слаткото мало девојче кое пееше на детскиот Евросонг во надежна македонска пејачка со одличен глас.

Богатата музичка програма утре ќе биде збогатена со жонглери и аниматори, а за време на целиот настан низ Skopje City Mall ќе кружи фото-патрола која ќе ги овековечи најиновативните, најинтересните и најкреативните маски, кои потоа ќе бидат наградени од Галерија со дигитален апарат, таблет и компјутерска игра.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.