Вести
Во Берово -12, во Скопје минус девет
Минусни температури се регистрирани изутринава во цела Македонија. Најстудено – 12 е во Берово и во Маврово со – 11. Во Скопје се измерени минус девет степени, соопшто УХМР.
Утринава преовладува студено време, во северните делови ведро со мала до умерена локална облачност, а во јужните делови умерено до значително облачно. Дува слаб северен ветер, особено на повисоките места и планините.
Во текот на денот ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено долж Повардарието.Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 1 до 7 степени.



