Актуелно
Во Берово утрово најладно, најмногу снег во Маврово
Утрово најладно беше во Берово каде до седум часот се измерени – 21 степен. најмногу снег, пак, има во Маврово, 32 сантиметра.
Според УХМР, во Лазарополе и Маврово се измерени -17, во Крива Паланка и Крушево – 14, во Тетово и Пожар – 13, -12 во Пожаране, Прилеп и Скопје Петровец, -11 во Ѓуриште, Штип и Тополчани, -10 во Претор, Струмица, Куманово, Виница, Д. Капија и Скопје – Зајчев Рид, -9 во Кавадарци и Охрид, – 6 во Дојран, како и – 4 степени во Гевгелија.
Висината на снежната покривка е 1 сантиметар во Крива Паланка, 4 во Струмица, 6 во Штип, 8 во Тополчани, Тетово, 10 во Пожар, 14 во Ѓуриште, 15 во Берово, 16 во Крушево и Пожаране и 26 сантиметри во Лазарополе.



