Актуелно
Најмалку 17 мртви во снежното невреме во САД
Снежна бура со силни ветрови парализираа вчера голем дел од источниот брег на САД, формирајќи снежна покривка од 90 сантиметри.
Најмалку 17 лица загинаа поради лошото време, од кои повеќето во сообраќајни инциденти, соопштија американските власти, пренесува БТА.
Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио соопшти дека тројца њујорчани ги загубиле своите животи додека чистеле снег. Властите во Северна Каролина соопштија за шест жртви. Во Вирџинија и Кентаки има по двајца загинати, а во Арканзас и Мериленд – по еден, пренесуваат француските медиуми, кои јавуваат за 15 жртви. Во Мериленд починал 60-годишен маж, кој добил срцев удар, додека го чистел снегот пред својот дом, јави ТАСС.



