Вести
Во Маврово изутринава измерени -12 степени
Најстудено изутринава беше во Маврово каде се измерени – 12 степени. Во Лазарополе и Крушево температурата беше – 9, во Ѓуриште – 8, во Пожаране -7, Тополчани – 6, Берово -5 Берово и Крива Паланка, во Дебар, Прилеп и Претор – 4, во Битола, Куманово и Охрид -3, во Скопје, Петровец, Штип, Виница, Демир Капија и Тетово – 2, во Скопје и Струмица -1, во Дојран 0 и во Гевгелија 1 степен.
Најголема снежна покривка има во Маврово – 24 сантиметри, во Демир Капија 16, во Крива Паланка 15 сантиметри, во Берово и Тополчани 14, во Ѓуриште 13, во Крушево и Битола 9, во Штип 8, во Лазарополе и Виница 6, во Прилеп и Пожаране 4, во Претор 3 и во Струмица 1 сантиметар.
Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Демир Капија 24 литри на метар квадратен, во Берово и Крива Паланка 8 и во Битола 7 литри.



