Вести
Во Пелагонија и Скопско ветер до 70 километри на час
Во текот на ноќта во Пелагонија и скопската котлина дуваше северен ветер кој достигна брзина од 60 до 70 километри на час. Времето беше умерено, до значително облачно со локален дожд со слаб интензитет, а на планините снег. Во втората половина од ноќта врнежите насекаде престанаа, а облачноста се намалуваше.
Нова снежна покривка од 1 сантиметар има на Маврово, а врнежи се регистрирани 1 литар на метар квадратен во Тополчани, Демир Капија и Скопје, 2 во Пожаране, Претор и Битола, 3 во Крушево, Струмица, Ѓуриште и Куманово, 4 во Штип, Гевгелија, Крива Паланка и Виница, 5 Охрид, 6 Дојран и Берово, 9 во Маврово и 10 во Дебар.
