Актуелно
Во Скопје 26 сообраќајки со 26 повредени
Во текот на изминатите два дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 26 сообраќајни незгоди од кои во 14 со полесни повреди се здобиле 26 лица.
Сообраќајната полиција во понеделникот изврши увид на 18 сообраќајни незгоди. Од нив, девет се само со материјална штета, а во девет полесно се повредни 17 лица.
Како што информира за МИА, Сашо Дамјаноски, главен инспектор, вчера е извршен увид на вкупно осум сообраќајни незгоди, од кои три се со последица материјална штета, а во пет со полесни повреди се здобиле девет лица.



