Актуелно
Сончево со мала до умерена облачност
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а само во крајниот североисточен дел и тоа во планинските предели ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен долж Повардарието повремено и засилен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 19 до 26 степени.
Во Скопје, слично време, сончево со умерена облачност и со умерен на моменти и засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 24 степени.



