Вести
Во Скопје фрлени 455 тони сол
Екипите на Зимската служба на Град Скопје ги чистат булеварите и магистралните улици што се во нивна надлежност, а со сол се поминати и т.н. „критични точки“. Во текот на вчерашниот ден и изутрината на градските улици и булевари фрлени се 455 тони индустриска сол.
Како што информира Град Скопје, зимската служба на терен интервенирала со механизацијата на јавното претпријатие „Улици и патишта“, односно со 19 разновидни возила и машини (16 возила на зимска служба и три грејдери, а на располагање е и механизацијата на преостанатите јавни градски претпријатија.
Пунктот на ЈП „Улици и патишта“ во Припор синоќа го посети и скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој ги координираше активностите на зимската служба.



