Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Во Скопје вчера 12 сообраќајки, повредени шест лица

Актуелно

Во Скопје вчера 12 сообраќајки, повредени шест лица

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје извршила увид на 12 сообраќајни несреќи, во кои со полесни повреди се здобиле шест лица.

Се случила и една незгода во која со тешки телесни повреди се здобил еден велосипедист.

Како што информираа за МИА од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.

Санкционирани се 23 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, седум возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и шест возачи кои за време на управување на возилото го користеле мобилниот телефон.

Затекнати се и 34 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 65 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Во рамки на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Александар Македонски“ со учениците од второ и четврто одделение кое се наоѓа на подрачјето на општина Аеродром.

Во недела со почеток во 20:45 часот на Националната арена „Филип Втори Македонски” во рамките на квалификациите за Европско првенство во фудбал ќе се одигра меѓународен фудбалски натпревар помеѓу  репрезентациите  на Република Македонија и Италија. Од Причина што  се очекува  зголемен интензитет на сообраќајот, од сообраќајната полиција ќе биде воведен посебен режим на одвивање на сообраќајот, односно започнувајќи од 16:00 часот ќе биде затворен за сообраќај дел од ул. „Аминта Трети“ и тоа на потегот од крстосницата со ул. „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“, па се до фудбалскиот стадион при што кон стадионот ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници

Во периодот после 17:00 часот во зависност од потребите и моменталните состојби и  интензитет на сообраќајот,  ќе се ограничи приодот на возилата уште од бул. „Илинден“, односно кон стадионот ќе се пропуштаат возила со посени пропусници, односно селективното пропуштање ќе биде на крстосниците на бул. „Илинден“.

Од сообраќајната полиција апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а доколку дојдат на натпреварот со возила, за паркирање да ги користат околните дозволени паркинг простори.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.