Актуелно
Во Скопје викендот 38 сообраќајки, еден загинат и 29 повредени
Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 38 сообраќајни незгоди.
Сообраќајната полиција на 20 мај, петок, изврши увид на 12 сообраќајни незгоди. Од нив, шест незгоди се со последица материјална штета, четири се со телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле пет лица. Во една сообраќајка со тешки телесни повреди се здобил велосипедист.
Се случила и една незгода со загинато лице. Незгодата се случила во 10 часот и 50 минути на локалниот пат с. Катланово – Катлановска Бања во која учествувале автобус „Јутонг“ и патничко моторно возило „застава 101“ и двете возила со скопски регистарски таблички, управувани од граѓани на Скопје. Во несреќата животот го загубил возачот на патничкото моторно возило „застава 101“.



