Актуелно
Македонија во чест на свети Кирил по 48. пат во Рим
Република Македонија по 48. пат утре и здутре во Рим ќе го чествува Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.
Во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на св. Кирил“, во Понтификалниот универзитет „Урбанијана“ утре во 18 часот ќе биде отворена изложбата „Св. Климент Охридски и неговите претстави во ликовната уметност“ на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид.
Со изложбата, која е во духот на големиот празник, Република Македонија го одбележува и значајниот јубилеј 1100 години од упокојувањето на светителот Климент.



