Актуелно
Во Скопје во 11 сообраќајки, полесно повредени 13 лица
Во текот на вчерашниот ден во Скопје и околината полицијата извршила увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди, во кои со полесни повреди се здобиле 13 лица, а пет незгоди се со материјална штета.
СВР – Скопје за МИА информира дека од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци. Меѓу санкционираните се 29 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, седум возачи не се придржувале според ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци и тројца возачи поминале на црвено светло на семафор.
Санкционирани се и 32 непрописно паркирани возила.



