Вести
Возење велосипед низ Скопје за почист град
Од плоштадот „Македонија“ денеска во 17.30 часот ќе почне 43-та критична маса на тема „Здрав транспорт за здрави градови!“
Организатор е „На точак“-неформална група скопски велосипедисти, оформена првично преку социјални мрежи. Цел на „На точак“ и на организирањето критична маса во Скопје е популаризација на велосипедот како урбано превозно средство. Критична маса е возење велосипед и се создава кога група велосипедисти ќе се соберат на едно место и заедно се возат по улиците од нивниот град.
Освен во Скопје, на истата тема ќе се вози во повеќе градови и во различни термини. Денеска ќе се вози и низ Прилеп, а се тргнува од 17.30 часот од пред споменикот Александар Македонски. Утре ќе се вози во Битола и Штип, а в недела во Гостивар.



