Вести
Вратата на НАТО отворена откако ќе се промени името
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вчера во Брисел на прес-конференција со премиерот Зоран Заев најави дека лидерите на Алијансата на Самитот на 11 и 12 јули ќе испратат покана до Македонија за почеток на пристапни преговори за членство во НАТО.
По различните толкувања во јавноста околу процедурата за зачленување на Македонија, Столтенберг ги појасни чекорите за полноправно членство – успешен референдум за Договорот со Грција останува клучен услов, но Македонија веќе ќе учествува на сите состаноци на НАТО и пред полноправното членство.
На претстојниот Самит на НАТО на 11 и 12 јули во Брисел, Македонија ќе добие покана за започнување на пристапните преговори со Алијансата, ова е неодминлив услов низ кој поминале сите претходни земји членки, појасни Столтенберг.


