Временска прогноза
Снежната покривка до утре ќе се зголеми и до 40 сантиметри!
Значително зголемување на снежната покривка, на повеќе места и за 20 до 30 сантиметри, најавува УХМР поради врнежите кои ќе бидат пообилни кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Најмногу вкупни врнежи ќе има на југот од земјава каде на места се очекуваат и над 40 cантимтери нов снег. Во Скопско се очекува висината на покривката да се зголеми за околу 15 до 20 сантиметри.
Како што информира УХМР, најмногу снег утрово има во Маврово, 69 сантиметри, а најмалку во Штип, еден сантиметар. Наврнати се четири сантиметри снег во Виница, пет во Претор и Прилеп, седум во Демир Капија, 10 во Крива Паланка, 13 во Струмица, 14 во Тополчани и Куманово, 16 во Скопје, 21 во Битола, 26 во Берово, 27 во Тетово, 29 во Крушево, 34 во Ѓуриште, 45 во Пожаране и 58 во Лазарополе.

