Актуелно
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево со локална облачност – од сабота снег и ниски температури
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно јужен ветер. Попладне облачноста од запад ќе се зголеми.
Утринската температура ќе се движи од минус пет до два, а дневната од четири до 11 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има зголемена облачност. Преку денот ќе дува слаб претежно југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до осум степени.



