fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Студено со повремени врнежи од снег и засилен северен ветер

Актуелно

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Студено со повремени врнежи од снег и засилен северен ветер

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно, ветровито и студено со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој повремено на некои места ќе достигнува брзина до 80 км/ч.

Утринската и дневната температура ќе се движат од минус четири до два степена.

Во Скопје слично време, претежно облачно, ветровито и студено со повремени врнежи од снег особено во претпладневните часови. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната до минус два степена.

Од понеделник се очекува стабилизирање на времето со значително пониски температури. Најстудено ќе биде во вторник и среда кога наутро на повеќе места температурата ќе се спушти под минус 15 степени.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.