Вести
Времето денес: Облачно со повремен дожд, на планините снег
Времето ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Наместа врнежите ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи.
Пообилни врнежи се очекуваат во југоисточните и источите делови на земјава, а веќе во доцните попладневни часови интензитетот на врнежите ќе се намалува. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од два до шест, а дневната од пет до 12 степени.


