Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно со повремени врнежи – од петок заладување со снег
Времето претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб јужен ветер, а попладне и кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд претежно во северните и источните делови од земјата.
Утринската температура ќе се движи од девет до 12, а дневната од 17 до 21 степен.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 18 степени.



