Вести
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно со северен ветер – викендот малку потопло
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со умерен северен ветер. Претпладне во западните делови се уште ќе има услови за провејување на снег. Попладне облачноста ќе се намалува.
Утринската температура ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од два до девет степени.
Во Скопје слично време, претпладне променливо облачно со умерен северен ветер, а попладне со сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до пет степени.


