Вести
Времето денес: Облачно со засилен северозападен ветер и пад на температурата
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во северните делови со слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а во источните делови и долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од два до седум, а дневната од осум до 14 степени.
Во Скопје претпладнево ќе биде променливо облачно со слаби врнежи од дожд, а во текот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 11 степени.



