Актуелно
АУДИО: Шеста бомба – трошиме на чоколадо, а немаме за леб
Во телефонски разговори објавени на денешниот прес на лидерот на СДСМ Зоран Заев, помеѓу министрите Зоран Ставрески и Гордана Јанкуловска се гледаат нивните несогласувања со политиката на трошење на премиерот Никола Груевски и со проблемите на кроењето на буџетот.
Заев рече дека со овие разговори се покажува зошто Јанкулоска и Ставрески се најприслушуваните министри од страна на премиерот Никола Груеввски и шефот на тајната полиција Сашо Мијалков.
Според него, емитуваните разговори покажуваат дека Груевски издавал наредби да работат противзаконски, за незаконско подигнување милионски кредити од странство, реклами, споменици и уметнички слики, кога биле доведени ви прашање платите на вработените во администрација.



