Вести
Времето денес: Облачно со засилен северен ветер и пад на температурата
Времето денеска во Македонија ќе биде облачно преку денот со умерен повремено засилен северен ветер и со врнежи кои ќе бидат поинтензивни во источните делови од земјата особено преку ноќта кон сабота.
На планините врнежите ќе бидат од снег, а на југоисток од дожд. Во северните и западните делови од земјата врнежите на пониските места ќе бидат повремено од дожд и снег. На планините ќе се формира нова дополнителна снежна покривка, на места со дебелина од 20 см нов снег, а новите количества врнежи на места ќе надминуваат 25 л/м2 за 24 часа.
Температурата ќе се движи од нула до седум степени.


