Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Забрани за камиони и автобуси на дел од патиштата

Вести

Забрани за камиони и автобуси на дел од патиштата

Забрани за движење на тешки товарни возила има на планинскиот премин Стража и на патните правци крак Маврово – Дебар и Тетово – Попова Шапка, каде има и забрана за движење на автобуси, информира Автомото сојузот на Македонија. 

На патниот правец Тетово – Јажинце задолжителна е употреба на зимска опрема за тешките товарни возила. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Снег со слаб интензитет паѓа во северозападниот и југозападниот дел од државата, наместа со остатоци  на коловозите.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.