Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со сончеви периоди
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе се зголеми облачноста и во западните делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, повторно долж Повардарјето повремено засилен.
Утринската температура ќе се движи од пет до 12, а дневната од 18 до 23 степени.
