Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончев есенски ден со температура до 18 степени
Во Македонија денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови во некои котлини е можна појава на магла, а во текот на денот ќе дува слаб ветер претежно од источен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од 15 до 20 степени.
Во Скопје слично време, претежно сончево со слаб источен ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 18 степени.



