Актуелно
Три лица одговорни за случајот во „Арсени Јовков“, потврди МВР
Кај три лица на возраст од 16 до 20 години е утврдена одговорност за случајот во средното училиште „Арсени Јовков“. Се товарат за предизвикување општа опасност и по целосното заокружување на истрагата, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Како што соопшти денеска портпаролот на МВР Иво Котевски, две од лицата се ученици во „Арсени Јовков“, а едно минатата година завршило во ова училиште.
– Се уште се работи на целосно документиранње на случајот. Според досегашните сознанија, трите лица дошле до т.н. пепер спреј со кој најпрво се прскале меѓу себе, а потоа го употребувале и во ходниците и простсориите на училиштето, рече Котевски.



