Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и топло – од понеделник пад на температурата и засилен северен ветер
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 29 до 36 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност во попладневните часови. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 34 степени.


