Актуелно
УХМР: Циклон доаѓа кон Македонија – од понеделник пад на температурата
Денес од пладневните часови ќе има изолиран развој на нестабилна облачност, претежно во планинските подрачја во источна Македонија, но на места и во југозападните делови, а од градовите само во Прилеп. Проследена е со краткотраен пороен дожд и грмежи. Процесите ќе се задржат и во попладневните часови, но ќе останат изолирани во планинските подрачја.
Утре времето ќе биде стабилно и топло, но во попладневните часови можна е изолирана појава на краткотраен дожд во северозападните планински подрачја.
Од понеделник попладне нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажна и постудена воздушна маса од северозапад, како и висински циклон, што ќе предизвика во текот на следната работна недела времето да биде променливо, во некои денови и претежно облачно, свежо и ветровито.


