Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и ветровито – од утре Македонија ќе биде под влијание на влажен воздушен бран
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од северозападен правец. По одделни котлини има услови за слаба магла.
Утринската температура во земјава ќе се спушти во интервалот од 4 до 12 а највисоката дневна од 20 до 27 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од северозападен правец.


