Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево, попладне пороен дожд и ветер
Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а во пладневните и попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Температурата ќе се движи од 24 до 36 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.


