Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево со локална облачност и слаб ветер – од понеделник затоплување
Времето во Македонија во утринските часови ќе биде студено, а во текот на денот претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб, а во североисточните и крајните западни делови умерен ветер од северен и источен правец.
Утринската температура ќе биде -4 до 5, а дневната ќе се движи од 13 до 18 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност и температура до 16 степени.


