Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Температури под нулата во сите региони во Македонија – од утре снег!
Во сите региони во Македонија утринава се измерени температури под нулата. Најстудено е во Битола и во Берово каде се измерени – 10 степени по што следуваат Струмица, Лазарополе, Тетово, Прилеп и Скопје со -8, Демир Капја, Куманово и Крива Паланка -7, Дебар, Гевгелија, Маврово, Штип, Дојран и Крушево со -6, Охрид -5 и Претор -2 степена.
Во источните делови од земјата времето е умерено до значително облачно, а во западните делови е сончево. За денеска се најавува сончево време со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 3 до 9 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот со зголемена облачност. Температурата ќе достигне до 5 степени.


