Вести
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Топло со температура до 30 степени
Сончево и топло време ќе преовладува денеска во Македонија. Попладне ќе има умерена облачност и локално услови за краткотраен дожд, особено на крајниот исток.
Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од 23 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од девет до 29 степени.



