Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Претпладне сончево, попладне облачно со пороен дожд
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност која во попладневните часови ќе се зголеми. Во западните делови ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 27 до 35 степени.
Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со мала, а попладне со умерена облачност и со слаб претежно југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 33 степени.



