Актуелно
За два дена 17 сообраќајки во СК]копје, 15 лица повредени
Во текот на изминатите два дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 17 сообраќајни незгоди.
На 1 декември, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно осум сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, еден сопатник и еден патник во автобус.
Вчера, извршен е увид на вкупно девет незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, шест сопатници и двајца пешаци.



